Тројца затвореници од „Идризово“ и двајца притвореници од „Шутка“ досега биле заразени со Ковид-19

by fokus

Тројца затвореници кои издржуваат затворска казна во затворот „Идризово“ и двајца притвореници од истражниот затвор „Скопје“, досега биле заразени со корона вирусот.

Оваа информација за „Фокус“ ја откри Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции, кој вели дека поголем бил бројот на заразени вработени во затворите, но ситуацијата е под контрола.

-Досега со Ковид-19 беа заразени тројца затвореници од „Идризово“ и двајца притвореници од затворот „Скопје“. Во затворите постојано се врши дезинфекција и се почитуваат протоколите, вели Стојановиќ.

Поради пандемијата со корона вирусот, секој нов станар на затворите, најпрвин поминува 14 дена во „карантинско“ приемно одделение, а потоа се сместува во ќелија.

В.В.

Поврзани новости