Објавени распореди од прво до деветто одделение за настава на МРТ

by fokus

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, го објави распоредот на ТВ часови на МРТ од прво до девето одделение.

-Настава на телевизија – погледнете го распоредот на часови за децата од прво до деветто одделение! Едукативните содржини ќе бидат достапни за сите деца, а наставниците од утре ќе бидат во постојана комуникација со своите ученици.

Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат.

Часовите почнуваат во 08:30 часот и траат по 15 минути, напиша министерката на фејсбук.

 

 

Поврзани новости