Тројца загинати во поплавите во Пенсилванија

by Fokus

Поплави на автопатиштата во Пенсилванија поради интензивни врнежи од дожд. Многу од возилата останаа заглавени, а три лица загинаа, додека по четворица се трага, јави полицијата од градот Горен Мејкфилд.

– Акцијата што ја извршуваме ја сметаме за спасувачка, но речиси сме сигурни дека се наоѓаме во режим на потрага – изјави Тим Брауер, главен пожарникар од тамошната пожарна служба.

Систем од бури што денеска се движат кон североистокот ставија под закана од поплави околу 55 милиони луѓе, додека на 14 милиони им се заканува торнадо.

Предупредувањето за торнадо издадено денеска од Националната метеоролошка служба се однесува за големи делови од североисточниот дел на САД вклучително делови од градот Њујорк.

Поројни дождови од ниво 3 и 4 се очекуваат во Њујорк, Бостон, Филаделфија и Вашингтон, округот Колумбија.

Поврзани новости