Шестмина од машката ракометна репрезентација на Македонија се позитивни на ковид-19, од кои тројца играчи и тројца тренери.
„Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на Европското првенство 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна федерација на Македонија. пред започнување на собирот, спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на сениорската машка ракометна репрезентација за рана детекција на ковид-19, при што позитивни тестови имаат тројца од стручниот штаб и тројца играчи“, соопшти Ракометната федерација.
Инаку, позитивни се тренерите Александар Царчев, тренер на голмани, Никола Матлиески, помошник тренер и Радослав Стојановиќ, помошник тренер, додека од играчите позитивни се Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.