417
На денешното рочиште во Кривичниот суд за случајот „Топлик“, судијата Осман Шабани донесе наредба да бидат приведени и донесени во судот тројца сведоци, информира „Макфакс“.
Причината за тоа е што тие денеска не се појавија во судницата. Тие ќе бидат донесени да сведочат на следното судско рочиште кои е закажано за 21 септември.
На денешното рочиште ќе сведочат двајца сведоци на предлог на СЈО. Тие ќе одговарат на прашања на обвинителот Бурим Рустеми и адвокатите на обвинетите.