Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе една кривична пријава и едно писмено известување против С.М. (21), Б.А. (19) и С.Д. (20) сите од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле 65 кривични дела „тешки кражби“ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.877.700 денари.
За сторените кривични дела од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.
Како што информира МВР, по претходна анонимна телефонска дојава дека на булевар „12-та Македонска бригада“ две непознати лица сомнително се движат помеѓу куќите, од страна на полициски службеници било излезено на лице место, при што биле затекнати лицата С.М. и Б.А. кои се лишени од слобода и приведени во полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.
– Во полициската станица бил извршен разговор со нив, во кој појасниле дека кога биле затекнати во дворот имале намера да влезат во куќата и да извршат кражба, но дека биле спречени во намерата од страна на полициски службеници. Исто така појасниле дека во претходниот период на подрачјето на општините Аеродром и Кисела Вода заедно со трето пријавената С.Д. имаат извршено повеќе тешки кражби во куќи и станови од каде имаат украдено пари, златен и друг накит, преносни компјутери (лап топ) и други предмети – соопштија од МВР.