Теута Арифи: ДУИ не исклучува варијанта дека ќе прави влада со СДСМ

by Fokus

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи во интервју за „360 Степени“ на Алсат-М вели дека нејзината партија не исклучува варијанта во која новата влада би се формирала со СДСМ, но дека одлуката за тоа како ДУИ ќе постапи допрва треба да биде донесена.

– Ние зборуваме за една новонастаната ситуација, новонастанати бројки на политичката сцена, за различни баланси сега и, од тој аспект, нормално и дека ДУИ сега нема да оди со главата во ѕид туку ќе ја прифати новата реалност и врз основа на таа нова реалност, ќе постапи најдобро што може за да го претстави тоа гласачко тело кое ја поддржа ДУИ – истакна Арифи во интервјуто.

Поврзани новости