Тројца скопјани фатени на Бит пазар со марихуана

by Fokus

Вчера вечер во ноќните часови во подрачјето на Бит пазар биле лишени од слобода неколку лица поради поседување на марихуана.

„Полициски службеници од подрачјето на Бит пазар вчера во 20:35 часот ги лишиле од слобода С.Б.(23) и Ф.Ш.(18), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На подрачјето на Бит пазар вчера била пронајдена марихуана и кај уште едно лице.

Станува збор за  Б.С.(25) од Скопје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Поврзани новости