Oд утре бесплатана вакцинација против грип за пензионерите

by Fokus

Од петок ќе почне вакцинацијата со бесплатните вакцини против грип. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорот на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре (петок, 22.11.2019 година).

За оваа сезона се набавени вкупно 28 илјади вакцини, кои се бесплатни и наменети за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници.

Центрите за јавно здравје набавија 21.000 комерцијална вакцина, кои веќе се достапни за граѓаните од понеделникот.

Ја подобруваме достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип и од оваа година, покрај 10-те Центри за јавно здравје, во вакцинацијата ги вклучивме и трите поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствениот дом во Скопје.

Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак, бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот.

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27 илјади вакцини се од „Мѕлон Абот“, а илјада вакцини од „Санофи“.

Како и во изминативе сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во месец февруари, а вакцинацијата во овој период, ноември и декември ќе обезбеди најголема заштита во периодот кога се очекува активноста на вирусот да биде највисока.

Во меѓувреме од понеделник почна и имунизацијата со комерцијалните вакцини за кои граѓаните плаќаат по 650 денари. Во Скопје од набавените 5000, веќе потрошиле 1000 дози. Бесплатните вакцини се од холандски а комерцијалните од француски производител. Засега нема информацијата до каде е најавената донација од 10 000 вакцини кои требаше да ги добијат здравствени работници како една од ризичните категории.

За разлика од лани, годинава е многу проширена групата на граѓани за кои се предвидени бесплатните вакцини и прашање е дали ќе бидат доволни за оваа популација. Преку Мој Термин голем број граѓани веќе закажале вакцинација во центрите за јавно здравје.

Поврзани новости