615
Клаус Тевас, портпарол на федералното обвинителство во градот Наумбург, изјавил дека е издаден налог за апсење на три лица на возраст од 33, 36 и 40 години, поради сомнение дека подготвуваат сериозен чин на нсилство.
Како што се наведува, тие купиле седум килограми хемикалија во јануари, од која може да се направи експлозивна направа.
За време на претресот на становите на осомничените во градот Десау-Рослау, помеѓу Наумбург и Берлин, биле пронајдени 10 килограми барут и фитил.
Двајца се уапсени во Данска, каде се пронајдени повеќе хемикалии, а третиот е уапсен во околината на Франкфурт.