555
Тројца штитеници од Домот „25 Мај“ вчера исчезнале, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, вчера во 15.00 часот во Полициската станица Чаир, социјална работничка во домот „25-ти Мај“ пријавила дека на 08.05.2018 година во 08.30 часот во непознат правец се оддалечиле тројца штитеници на домот на возраст од 18, 13 и 15 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.