435
Во Штип се регистрирани нови шест случаи позитивни на КОВИД-19, од кои тројца се здравствени работници од штипската Клиничка болница, информираше кризниот штаб на Општина Штип.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврди дека резултатите се позитивни за болничар, медицинска сестра и еден лекар специјалист, кој не е од Инфективното одделение.
Во Штип по случајот со 80 годишната жена, која во вторникот ја загуби битката со корона вирус, а беше примена со негативен тест и дијагноза бронхопневмонија, позитивни на коронавирус се вкупно четворица здравствени работници. Негативни се тестовите за пет медицински лица од Инфективното одделение, а за остантите шест се чекаат резултатите да пристигнат во текот на утрешниот ден.