Тројца приведени за пожарот во Универзална сала, две лица завршија на Токсикологија

by Fokus

Тројца градежни работници се приведени во врска со пожарот во Универзална сала.

Поради вдишување чад две лица со брза помош се пренесени на Клиниката за токсикологија, соопшти МВР.

„Со возило на Итна медицинска помош во Клиниката за токсикологија се однесени две лица Е.С. (48) и А.Т. (41) поради вдишување на чад. Од страна на екипи на ЕВН во целата околина на салата е прекинато снабдувањето на електрична енергија, при што на ул. „Петар Поп Арсов“ во лифтовите на зградите имаше заглавени две жени, кои беа извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција. Во врска со пожарот, во ПС ОН Центар се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53)“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости