Поранешниот директор на Клиника за онкологија и радиотерапија, една медицинска сестра и вработен на клиниката се приведени денеска во врска со скандалот на Онкологија, потврдија директорката на Клиниката, Виолета Клисарова и организацискиот директор, Халид Матоши.
„Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земена од некаде, исклучен и е телефонот, изјави Матоши.
Клисарова нагласи дека клиниката си функционира нормално и дека течат редовни прегледи.
„Сите закажани пациенти, тековни прегледи предвидени терапии на пациентите, како и прием на нови пациенти функционира нормално. Работат сите амбуланти. Работиме со полн капацитет на Клиниката и затоа замолувам да не се создава паника. Никој од пациентите нема да биде вратен. Сите ќе ја примат предвидената и планираната терапија, рече таа.
Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали најавија во текот на денот.