Тројца повредени во невреме во Белград, меѓу нив и петгодишно дете

by Fokus

Tри лица, од кои едно дете, се повредени попладнево во Белград за време на невремето проследено со силен ветер што зафати делови од Србија.

Петгодишно дете било повредено кога врз него паднала искршена гранка од дрво.

Од удар од искршена гранка бил повреден и еден маж во Земун, а во Нов Белград настрадало едно лице откако врз него паднала откорната врата.

Поврзани новости