Диме Спасов ги вратил парите што ги потрошил од службената картичка

by Fokus

Поранешните функционери почнаа да ги враќаат парите што ги потрошиле противзаконски. На сметката на Агенцијата за вработување легнале 143 илјади денари, објави 24Вести.

Директорката Јовановска вели дека парите ги уплатил возач во Агенцијата, а ги потрошил најмладиот министер од претходната Влада, Диме Спасов,

„Ненаменски потрошените над 2,5 илјади евра  возачот ги уплатил на уплатница и истата ја достави  до Агенцијата за вработување до секторот за финансии заедно со пропратно писмо во кое дава изјава дека, парите што ги уплатил му биле дадени од Влатко Поповски поранешен директор на Агенцијата за вработување. Парите се уплатени поради потрошени средства од картица која што ја трошел во минатото Диме Спасов поранешниот министер и заменски министер во МТСП“, вели Билјана Јовановска – директор на Агенцијата за вработување.

Сепак, Јовановска бара одговорност и најавува кривични пријави.

 

 

Поврзани новости