Две лица позитивни на корона вирус од Кавадарци, на возраст од 67 и 78 години и едно лице од Неготино на возраст од 74 години починаа на ковид одделот во кавадаречката болница. Како што информираат од болницата, истите имале сериозни коморбидитети.
Денес во Тиквешијата се регистрирани 42 нови случаи на вирусот, и тоа 19 во Кавадарци, 15 во Неготино, пет во Росоман и три во Демир Капија. Тие се на возраст од 18 до 79 години.
Во тек на вчерашниот ден во ковид одделот во болницата во Кавадарци се сместени 40 пациенти, и моментално има 20 слободни кревети.
Според податоците од МЗ, до вчера во Кавадарци имаше 400 активни случаи, а во Неготино 215. Со денешните новоинфицирани, надмината е бројката од 650 активни случаи. Во Тиквешко од почетокот на пандемијата се инфицираа 1.226 лица.