Филипче: Сите лекари се ангажирани, но има недостаток на кадар

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека болниците во целата земја се соочуваат со недостаток на медицински кадар. Како што рече тој, во овој момент нема невработен или неангажиран лекар во нашата држава.

-Проблемот со кадар е присутен на територијата на целата држава и секоја една болница вклучително и клиниките во Скопје се соочува со истиот проблем. И на самите инфективни одделенија од почеток на кризата не можеа сами инфектолозите коишто се многу малку на број, некаде 50 во целата држава, да се справат со огромниот наплив на пациенти. И затоа во помош дојдоа лекарите од други струки, од други специјалности, пред се интернисти. Сега се и тие ангажирани во рамките на нивните одделенија – рече Филипче при посетата на струмичката болница.

Филипче наведе дека во овој момент се уште нема потреба да се намали интензитетот на работи и закажување преку системот МојТермин.

Поврзани новости