Во денешниот напад на израелската војска во Наблус на окупираниот Западен Брег на реката Јордан се убиени тројца Палестинци, меѓу кои и командант на военото крило Фатах на бригадата на мачениците од Ал Акса.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека во нападот се повредени најмалку 30 Палестинци.
Во рација на израелската полиција во станбена населба во стариот дел на Наблус дошло до размена на оган, при што бил убиен Ибрахим ал-Набулси од бригадата на маченицита од Ал Акса и уште еден палестински борец.
За време на рацијата имало интензивни оружени престрелки, а израелските сили со веони возила го блокирале сообраќајот во градот.
Судири имало и во други делови на Наблус, каде Палестинците фрлаа камења по војниците.
Стариот град Наблус на северниот дел на Западниот Брег е палестинска територија која е под окупација на израелската армија од војната во 1967 година.
Советот за безбедност на Обединетите нации одржа итен состанок за ситуацијата во Појасот Газа и неколку членови на телото изразија загриженост поради кревкото примирје меѓу екстремистите од Исламскиот џихад и Израел по три дневниот конфликт.