796
Вчера попладне полициски службеници од беровската полиција забележале патничко моторно возило „пежо 307“ со бугарски национални ознаки кое на даден знак не застанало.
„По преземени мерки кај раскрсницата за село Ратево, било пронајдено возилото, а биле пронајдени и три лица – мигранти од Сирија. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.