Тројца лекари од Скопје ќе се вклучат во тимот за обдукција на загинатите во автобуската несреќа

by Fokus

Тројца лекари од Институтот за судска медицина во Скопје се очекува утре да се приклучат на експертскиот тим во Софија кој ќе врши обдукција и идентификација на телата на загинатите македонски државјани во автобуската несреќа во Бугарија.

Како што соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, нашите тројца експерти се веќе во Софија со цел да помогнат за побрзо завршување на обдукцијата. По известување од министерот за здравство и укажување од неговиот бугарски колега дека за нивен ангажман ќе биде потребна официјална нота од македонска страна преку бугарското МНР до Обвинителството во Софија, тоа е, вели Османи, направено. Попладнево нотата е испратена со барање тројцата експерти на Институтот за судска медицина во Скопје да бидат дел од експертскиот тим за обдукција и идентификација на телата.

Поврзани новости