764
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска соопшти дека двајца фудбалски репрезентативци и селекторот Благоја Милевски ќе добијат дипломатски пасоши поради постигнатиот успех и победата против актуелниот европски шампион Италија.
-Нив ќе им бидат дадени дипломатски пасоши поради постигнатиот успех и голот против Италија. Станува збор за Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски. Тие нашите најдобри амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија. Пасошот ќе го добијат во 12:30 часот, истакна Османи.