Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Ниш, се судриле автомобил и трактор кој се преполовил

by Fokus
 Тројца се тешко повредени во сударот на автомобил и трактор што се случи околу 21 часот на стариот пат Ниш-Лесковац, кај селото Малошишта во Србија.
Во Ургентното одделение во Ниш рекоа дека сите тројца мажи се здобиле со тешки повреди и пренесени се во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
Според српските медиуми на Клиниката за анестезија при Универзитетската болница Ниш се хоспитализирни поврдените, од кои еден има повеќе повреди.

„Едниот од повредените бил во автомобилот, а другите двајца биле на тракторот“, соопшти Итната помош од Ниш.

Нишката полиција соопшти дека дошло до верижен судир на трактор и автомобил „форд фиеста“ и дека се утврдуваат причините за сообраќајната несреќа.

Тракторот го управувал П.Ш, а сопатник бил С.Д, додека зад воланот на автомобил „форд“ со словенечка регистрација се наоѓал М.С.. Според полицијата, сите тројца се тешко повредени.

Според очевидци, од силината на ударот тракторот се поделил на половина. Причината за несреќата засега не е позната.

Делницата од патот Ниш-Лесковац кај Малошиште важи за една од најризичните во околината на Ниш.

Поврзани новости