627
Од 16.000 до 20.000 евра чини работата на една собраниска седница, пишува Плусинфо, повикувајќи се на извори од собраниските служби.
За една недела речиси 100.000 евра ги чинат граѓаните процедуралните забелешки, реплики и контрареплики од обидот да се конституира Собранието и да се избере претседател на Комисијата за избори и именување и нов претседател на Собранието.
Во сумата влегуваат следниве ставки: патни трошоци (гориво), патарини, струја, парно, вода, платите и прекувремена работа на вработените, како и платите на пратениците.