Трите коњи кои угинаа во Скопје се загрозен вид од кој во светот има само 2.000 единки!

by fokus

За само два дена три коњи од подвидот Пржевалски коњ, угинаа во скопската Зоолошка градина. Две единки угинале во саботата, по што вработен во зоолошката пријавил во СВР Скопје дека се сомнева како животните се отруени, а пак третата единка угинала во тек на вчерашниот ден.

Станува збор за збор за див коњ, кој е многу редок во светот и познато е дека бројноста во дивината им е проценета на околу 300 единки, а пак во заробеништво според податоци од почетокот на 1990 година, живееле само околу 1.500 единки.
Коњите во Скопје ЗОО биле мажјаци, кои пред 12 години биле донесени како донација од приватна компанија од странство.

Пржевалскиот коњ е познат во светот како единствен див коњ, а името го добил по рускиот научник и истражувач Николај Пржевалски.
Сите коњи водат потекло од девет единки кои биле заловени во 1945 година, и животното кое одреден временски период важело за изумрено, било повратено во зоолошките градини благодарение на соработка помеѓу монголски научници и Лондонското зоолошко друштво.

Пржевалскиот коњ е наведен како загрозен вид на Црвената листа на загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), иако популацијата се зголемува благодарение на програмите за размножување на зоолошките градини.

В.д. директорот на ЗОО Скопје, Зоран Попов истакна дека обдукцијата ќе покаже од што настапила смртта кај пржевалските коњи, по што ќе следи известување за јавноста.

Вики Клинчарова

Поврзани новости