Триста стари гуми биле запалени во струмичко Костурино

by Фокус

Околу триста стари гуми попладнево се запалени во селото Костурино, кај Струмица, информираат од Територијалната противпожарна единица.

-Пожарот го пријавил сопственикот на гумите, кој се сомнева дека му се намерно запалени – рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Тројца пожарникари го гаснеле пожарот со едно противпожарно возило, а интервенцијата траела 2 часа.

Поврзани новости