477
Околу триста стари гуми попладнево се запалени во селото Костурино, кај Струмица, информираат од Територијалната противпожарна единица.
-Пожарот го пријавил сопственикот на гумите, кој се сомнева дека му се намерно запалени – рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Тројца пожарникари го гаснеле пожарот со едно противпожарно возило, а интервенцијата траела 2 часа.