Тригодишно девојче било живо погребано во Мексико

by Fokus

Тригодишно девојче во Мексико двапати било прогласено за мртво во август.

Семејството на Камила Роксана Мартинез Мендоза сега ја тужи болницата поради небрежност, пишува Ел Универзал Сан Луис Потоси, а пренесува американски Фокс.

На 17 август Камила била однесена во болницата Салинас де Хидалго поради дехидрација. Девојчето повраќало, имало стомачни болки и треска.

Мајката на Камил тврдела дека нејзината ќерка била запоставена од болничкиот персонал за време на нејзината втора посета. Таа вели дека им било потребно долго време да ја стават на кислород и дека се мачеле да ѝ дадат интравенски течности.

Камила на крајот била однесена во заклучена просторија каде не можеле да ја видат, тврди трауматизираната мајка. Тогаш болницата констатирала смрт на тригодишното девојче.

На погребот на Камила следниот ден, Пералта забележала кондензација на стаклениот капак од ковчегот на нејзината ќерка. Пералта извикала дека Камила сè уште дише, а другите луѓе на погребот ѝ рекле дека халуцинира од тага.

Бабата на Камила тогаш сфатила дека очите на девојчето се движат. „Починатото“ девојче наводно имала пулс од 97 отчукувања во минута. Камила потоа итно била пренесена во болница, каде по извесно време по втор пат била констатирана смрт.

Првата причина за смртта е наведена како дехидрација, додека втората била церебрален едем или оток на мозокот.

Поврзани новости