Тригодишно момче грабнало пиштол и застрелало маж и неговата мајка во Лафајет, Индијана. Момчето испукало само еден истрел кој ги погодил и 23-годишниот Трејшаун Смит и 21-годишната Џејлин Артис.
Смит е лекуван од прострелна рана што не е опасна по живот, но полицијата подоцна го привела бидејќи бил баран во соседниот Илиноис за убиство.
Потврдено е дека уапсениот е пријател на мајката на момчето. Полициски службеници излегле на местото на настанот откако добиле пријава дека минатиот четврток околу 20:30 часот по локално време во станот биле застрелани две лица. Полицијата не откри како момчето го добило пиштолот и што го поттикнало да пука од оружјето, пренесува Sky News.
Потполковникот Џастин Хартман изјави за USA Today дека било контактирано со Одделот за детска служба на Индијана за тоа како момчето дошло до пиштолот, но не била преземена итна акција. Нема дополнителни апсења или обвиненија, но Обвинителството на округот Типекано го истражува случајот.