Нема постапка за Законот за јавно обвинителство, одлучи Уставниот суд

by Fokus

Уставниот суд на денешната 20. седница на која се дискутираше по три иницијативи, одлучи да нe се поведува постапка за оценување на уставноста на Законот за јавното обвинителство во целина и посебно оспорените член 4 став 2 и член 29 ставови 2 и 3 од означениот закон.

„Се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на: указ за прогласување на Законот за јавното обвинителство бр.08-1411/1 од 16 февруари 2020 година; член 110 ставови 1, 2 и 3 и член 113 од Закон означен во точката 1 од ова решение и деловите на иницијативите со кои се бара меѓусебна оцена на согласноста на означените акти во точката 1 и точка 2 алинеи 1 и 2 од ова решение со одредбите од Деловникот на Собранието и одредбите од Деловникот за работа на Владата“, соопшти Уставен суд.

Судот цени дека уставните одредби не ја регулираат постапката која им претходи на донесувањето на законите и прашањата кои би значеле оценување на согласноста на конкретниот закон и на Деловникот на Собранието, во кој е разработена постапката за носење на законите, што значи дека нема надлежност да врши такво оценување.

„Што се однесува до прашањето на донесувањето на Законот за јавното обвинителство, од направената анализа произлезе дека оспорениот Закон е донесен со потребното двотретинско мнозинство“, соопшти Уставниот суд.

Судот ги отфрли наводите за испитување на уставност на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство, бидејќи не претставува претставува пропис во смисла на член 110 алинеја 2 од Уставот.

Поврзани новости