578
Вчеравечер, петгодишно дете било хоспитализирано, откако било удрено со предно тркало од автомобил.
„На 26.09.2019 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено петгодишно дете од Скопје со тешки телесни повреди. По преземени мерки било констатирано дека околу 18.00 часот на ул.„Лука Геров“, откако неговиот татко Е.К. го запрел патничкото возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, за да пренесе товар, другото негово тригодишното дете во возилото ја спуштило рачната кочница. Поради ова возилото се придвижило и со предното тркало удрило во петгодишното дете. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.