Лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов најави формирање на влада. Иако резултатите не се јасни и со ГЕРБ си диѓат во врат, тој го прочита целиот состав на неговиот владин кабинет во кој нема улога за него лично.
-Слушнав и прочитав секакви работи за мене – предлози, лаги, секакви глупости. Ние не правевме само ТВ-емисии, реализиравме многу каузи. Се се пред вас. Ме чуди што сè уште има луѓе кои не разбираат што правиме. Ние го правиме она што моралот и законот ни велат да го правиме, изјави Трифонов во видео обраќање.
Според него сегашниот систем репродуцира неморални луѓе, а единствениот начин да се променат работите е одвнатре, но со закон. Има таков народ нема да коалицира со која било партија и ќе преземе политичка одговорност да формира независна влада. Владата ќе биде составена од експерти кои ќе имаат приоритети, рече Трифонов.П за иден премиер, а Ради Најденов за министер за надворешни работи. Повеќето кандидати за функциите што ги прочита имаат дипломи од странство и зборуваат повеќе јазици.
Николај Василев беше вицепремиер и министер за економија во две влади, министер за администрација и државни реформи.