Триесет уапсени, се трага по уште шестмина

by fokus

Полицијата трага по уште шест лица осомничени за тероризам и загрозување на уставниот поредок при упадот во Собранието на 27ми април. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска потврди дека од 36-осомничени, шестмина се уште се недостапни за органите на прогонот.

Од вчера најдени се шест лица по кои се трагаше и изнесени се пред судија на претходна постапка. Во меѓувреме судот ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство и им го преиначи куќниот притвор на тројца осомничени, кои ќе мора да издржуваат затворски притвор од 30 дена.

Поврзани новости