Триесет дена притвор за тетовецот кај кого беа најдени фалсификувани пари

by Fokus

Мерка од 30 дена притвор денеска доби 44-годишниот жител од Долна Лешница кој вчера беше приведен откако кај него беа пронајдени фалсификувани 13 илјади евра и друг вид материјал.

Тетовската полиција денеска до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б.Џ. поради основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување пари”.

Со кривичната пријава тој беше изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје” во Скопје за издржување на мерката, информираат од СВР Тетово.

При претресот извршен вчера во домот и помошни простории на Б.Џ. беа пронајдени и одземени околу 13 илјади фалсификувани евра, 250 швајцарски франци, кувајтски динари, обрасци и други фалсификувани материјали (маркички, хартија и слично).

Поврзани новости