966
Голем број на играчи на Реал Мадрид ќе го напуштат тимот во блиска иднина, објави „Марка“. Според шпанскиот весник, капитенот Серхио Рамос најверојатно ќе го напушти клубот, откако не се согласи да го продолжи договорот. Дефанзивецот Марсело и играчот за врска Иско се исто така блиску до заминување од Мадрид.
Покрај нив, Реал може да го напуштат и напаѓачот Лукас Васкез и дефанзивецот Рафаел Варан. На крајот на сезоната 2020/21 Ла лигата, Реал Мадрид го зазеде второто место и остана без трофеј.