563
Телевизија Канал 5 во дневникот во 18 часот соопшти дека се нуди да организира телевизиски дуел меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
Дуелот би бил организиран во рамки на емисијата „Само вистина“, а би траел меѓу два и три часа, со паузи на секои 45 или 60 минути зависно од договореното. Заев и Мицкоски би се соочиле на теми од домашната и надворешната политика, економијата и социјалата.
Претходно попладнево МТВ и ТВ 1 се понудија да организираат ТВ дуел меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.