Измените на Кривичниот законик биле три пати поднесени па повлечени од страна на групата пратеници кои се јавуваат како предлагачи. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, го соопшти ова на денешната седница во Собранието на која пратениците одлучија законот да се усвои по скратена постапка.
Мицевски рече дека пратениците се збунети и не знаат кои измени се повлечени, а кои се предлагаат.
-Барањето за измени на Кривичниот законик е поднесен па повлечен три пати од вчера до денес. Барам да ни објасните за кои измени треба да гласаме, затоа што пратениците не знаат веќе кој предлог е повлечен, а кој не е – рече Мицевски.
На тоа претседателот на Собранието, Талат Џафери, одговори дека предлагачот има право да повлече предлог според процедурата.
Измените се предложени од пратенците Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска и Весел Мемеди.