570
Во Марибор во Словенија денеска се потврдени три нови случаи на корона вирус. Едниот случај е дете од трето одделение од едно основно училиште, по што сите негови соученици и наставникот се ставени во изолација.
Потврдени се уште два случаи – едно возрасно лице и уште едно дете од истото семејство.
Од Институтот на прес-конференција соопштија дека овој случај е резултат на трансмисија во семејството.
Според директорката на училиштето тие за позитовниот случај на ковид – 19 биле известени од Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) и дека детето немало никакви симптоми на болеста.