ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не изненади ако власта крие новозаболени

by Фокус

Дали власта ги фингира бројките и со јавноста споделува фингирани извештаи за бројот на заболени во државата, со задни намери и остварување на политички цели, праша ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали намерно се дозира бројот на заболени со цел да создадат привидна состојба на контрола над ситуацијата и да се затскрие фијаското кое Владата на СДСМ го доживува во борбата со заразата? Нема да не изненади ако се потврдат некои шпекулации дека власта крие новозаболени и ги дозира со цел да не се добие впечаток дека нема услови ни на 5-ти јули да се одржат избори и да се исполнат инструкциите на Зоран Заев за да се креира лабава атмосфера на новото нормално“, велат од ДПМНЕ.

Од опозициската партија истакнуваат дека СДСМ уште од првиот момент на ширење на епидемијата се занимава со политика наместо со заштита на здравјето на граѓаните.

Поврзани новости