826
Полициски службеници вчера привеле еден осумнаесетгодишник и двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години, во присуство на нивните родители, поради основано сомнение дека на 13.11.2019 околу 22.00 часот извршиле насилство врз малолетник, кој бил нивни цимер. Оваа информација за МИА ја потврдија од МВР.
Случајот во Полициската станица Кавадарци вчера во 19:30 часот го пријавил таткото на малолетникот.
Од Државниот инспекторат за образование рекоа за МИА дека и тие ќе го истражат случајот.