440
Три лица загинаа денеска во сообраќајна несреќа во тунелот „Луј Втори“ во Монте Карло, на патеката по која се движат болидите на Формула за време на Гран-при трките, соопшти Кнежеството Монако.
Од засега непозната причина едно возило удрило во бетонски ѕид на работ од тунелот и потоа се запалило.
Густиот чад се проширил и кон соседните згради, се вели во соопштението, а помош од итната помош добиле десетина жители.
Новата трка во Формула 1 за Големата награда на Монако, со патека долга 3,3 километри која минува низ срцето на Монте Карло и низ тој тунел, е закажана за 28 мај.