519
Три лица се повредени во сообраќајна незгода што попладнево се случи на улицата „Владимир Комаров“ („23 Октомври“) во скопската населба Аеродром, непосредно до Ред кафе.
Во сообраќајката учествуваа „мерцедес“ со бугарски таблички и „мини“ со скопски таблички, јавува МИА.
Според очевидци, во сообраќајната незгода се повредени возачот и сопатникот во „мерцедесот“ со таблички од Ќустендил и жената што го управувала „минито“. Тие веднаш се транспортирани со возило на Итната помош.
Во моментов сообраќајот на улицата е во прекин и се пренасочува од припадници на полицијата.