Диамед Македонија: Сите центри за дијализа функционираат редовно, а пациентите ја добиваат неопходната здравствена нега

by fokus

Како што веќе веќе соопштивме на почетокот на ноември, сопственик на „Диамед Македонија“ е компанијата „Диаверум“ (Diaverum) од Шведска – водечки независен провајдер на здравствни услуги за третман на бубрезите во Европа и еден од водечките во светот. Покрај во Македонија, компанијата „Диаверум“ нуди здраствени услуги и нега на 33 000 пациенти во 18 земји во Европа, Латинска Америка, Средниот Исток и Азија.

Компанијата „Диаверум“ одлучи да инвестира во Македонија преку аквизиција на приватната здравствена установа „Диамед Македонија“ која управува со девет центри за дијализа во Скопје и источниот дел на земјава и се грижи за повеќе од 670 пациенти во земјава. Предмет на аквизицијата беше целата здрвствената установа „Диамед Македонија“, чиј претходен 100% сопственик беше Вера Иванова.

Одлуката да инвестира во Македонија и во нејзиниот здравствен систем, „Диаверум“ ја донесе по повеќе од тригодишна темелна анализа на сите аспекти поврзани со функционирањето на системот за дијализа во земјава, како и на работењето на „Диамед Македонија“. Инвестицијата се споведе во крајно транспаретна постапка, во согласност со законите и процедурите на Република Македонија, за што беа соодветно запознаени и надлежните институции во земјата, меѓу кои Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Владата на Република Македонија.

Сите центри за дијализа со кои управува огранокот на „Диаверум“ во Македонија – компанијата „Диаемед Македонија“, функционираат редовно, при што пациентите во овие центри ја добиваат целокупната здравствена услуга и грижа. Компанијата ќе продолжи да работи на реализација на своите развојни планови во Македонија, со цел да понуди уште поквалитетна здравствена услуга за сите пациенти, согласно најсовремените светски тренодви и сопственото знаење и искуство. Во овој процес ќе продолжи да гради парнерски односи со сите засегнати страни, вклучувајќи ги и државните институции.

Повеќе инфoрмации за „Диаверум“ на: https://www.diaverum.com/

Поврзани новости