Три лица повредени во сообраќајка кај Радовиш

by fokus

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 2 часот на излезот на Радовиш.

Настанот го потврди заменик портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека од засега непознати причини автомобил марка „мерцедес“ се забил во оградата на една од бензинските станици.

Повредените со возило на Итната медицинска помош се пренесени во болницата во Штип, а полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Поврзани новости