На домот на американскиот амбасадор во Атина испишан слоган: „Македонија земја на Грците“

by fokus

За време на вчерашните протести против Договорот од Преспа во Атина, група на демонстранти кои поминувале покрај домот на амбасадорот на САД, Џефри Пајат, испишале слоган со навредлива содржина: „Македонија земја на Грците“.

30 лица биле повикани на информативен разговор во врска со овој случај.

Домот на Пајат во Атина се наоѓа во близина на самата амбасада на САД и не е прв пат да биде мета на демонстрантите кои протестираат против Договорот од Преспа. Претходно беа испишувани графити против империјализмот на САД.

Протестите продолжуваат и денеска додека во грчкиот парламент се одвиваат последните часа од расправата, која треба да резултира со ратификација на Договорот.

Фото: Катимерини

Поврзани новости