496
Три лица биле нападнати во Шуто Оризари, откако движејќи се по улицата „Виничка“, застанале и од непознати лица биле нападнати, соопшти МВР.
На 24.07.2018 година во 01,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, пријавено било дека кај нив биле донесени С.С. (52), С.С. (49) и Д.С. (52) сите од Скопје, со нанесени телесни повреди.
Имено, околу 01,00 часот тројцата движејќи се со такси возило кон населбата Шуто Оризари застанале на улицата “Виничка“.
Додека стоеле, им се доближиле неколку лица и физички ги нападнале По укажаната лекарска помош, лицата биле пуштени на домашно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот