Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, со двојно косовско и француско државјанство, кај кого на 14-ти октомври се пронајдени речиси три килограми марихуана на Аеродромот во Скопје.
Дрогата ја пронашле царинските службеници, во црна торба која осомничениот ја пријавил како багаж и тоа спакувана во три одделни пакувања.
На лицето му се става на товар дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.
„Надлежниот јавен обвинител, заедно со Обвинителниот акт, до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за осомниченото лице, со оглед на тоа што се уште постојат причините заради кои оваа мерка беше првично определена, односно постои опасност од бегство на лицето доколку се брани од слобода“, велат од Обвинителството.