485
Околу три илјади квадратни метри лозје биле опожарени завчера во селото Раштак на место викано „Гуштерица“. Пожарот бил пријавен во полицијата околу 14.40 часот во средата.
„На 27.09.2018 година во 14,40 часот, Ѓ.В. пријавил дека на 26.09.2018 година околу 17,00 часот во село Раштак на место викано „Гуштерица“, на неговата нива изгореле земјоделски насади-грозје кои зафаќале површина од околу еден декар и 300 метри квадратни. Во 17,55 часот и А.С. пријавил дека на 26.09.2018 година околу 17,00 часот во село Раштак на место викано „Гуштерица“ на неговата нива изгореле земјоделски насади-грозје кои зафаќале површина од околу два декари. Материјалната штета дополнително ќе се утврди“, соопштија од МВР.