Пожарот во атарот на с.Црнилиште, Општина Долнени, што почна околу 11:25 часот вчера , се прошири на два крака и тоа во правец на селата Долгаец и Стровија. Опожарена е голема површина на уредена шума. Интервенираат Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп со 11 пожарникари и три (3) ПП возила, пет (5) вработени од ЈП Национални шуми, подружница Црн Бор од Прилеп со специјално возило и четири четири лица од Ловечко друштво село Црнилиште, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК велат дека во координација со локалните структури, во поддршка на лицата кои гаснат од земја, приклучени се еден хеликоптер на МВР и трите противпожарни (ПП) авиони ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
-Истите досега направија неколку успешни налети, со што кракот што се движи кон село Долгаец е локализиран и се пристапува кон негово целосно доизгаснување. По ова веднаш дејството на хеликоптерот на МВР е ориентирано врз каркот од пожарот кон село Стровија.
Од ЦУК информираа дека околу 12:30 часот на територијата на Општина Чашка, кај селата Ореше и Богомила вчера (14.09.2023 година), започна пожар при што гори дабова шума и габер.
-На истиот од утринските часови интервенираат десет вработени од ЈП Национални шуми подружница Бабуна од Велес. Како воздушна поддршка, во координација на силите кои гаснат од земја, е испратен хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ), што веќе неколку пати дејствува на сртот над селата Ореше и Богомила, соопшти ЦУК.
Дд ЦУК велат дека таму има гола сеча од пред неколку години, но насобраниот отпаден материјал претставува висок ризик за гаснење од земја.
-Во текот на денот, веднаш, по намалување на опасноста на пожарот во Општина Долнени, трите ПП авиони ер трактор и хеликоптерот на МВР е планирано да интервенираат во Општина Чашка. Постои отворена можност, овие два пожара од општините Чашка и Долнени да се спојат во еден, предупредуваат од ЦУК.