Три автобуси и едно комбе изгореа во пожарот кај кочанската населба Оризари

by irena 11:17
11:17

Tри автобуси и едно комбе на приватна фирма утрово изгореа во кочанската населба Оризари.

Пожарот на плацот, каде што биле паркирани, е пријавен рано утринава во 2:30 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи – Штип.

– Денеска во 02:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица – Кочани – се вели во соопштението од СВР-Штип.

Се посочува дека нема повредени лица.

Се очекува во текот на денот да биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Слични вести